Natural Resources Canada logo and Government of Canada logo
Symbole du gouvernement du Canada
Овозможување на решенија за почиста енергија
Што е RETScreen?

Кликни тука за да го симнете *.pdf (0.98 MB)


RETScreen® International
www.retscreen.net

Краток преглед

Софтверот RETScreen за анализа на проекти за чиста енергија е водечки софтвер за носење одлуки во доменот на чистата енергија во светот. Владата на Канада го обезбедува сосема бесплатно како дел од признавањето на Канада на потребата за интегриран пристап во соочувањето со климатските промени и намалувањето на загаде- носта. RETScreen е докажан зачетник на проекти за чиста енергија во светот.

RETScreen значително ги намалува трошоците (и финансиски и од аспект на време) поврзани со идентификување и оценување на потенцијалните проекти за енергија. Овие трошоци што се појавуваат во фазите на предизводливост, изводливост, развој и гра- дежни работи, можат да бидат прилично големи бариери во развојот на Технологиите за обновлива енергија и енергетска ефикасност (РЕТ). Помагајќи да се надминат овие бариери, RETScreеn го на- малува трошокот за спроведување на проектите и водење бизнис во секторот на чистата енергија.

RETScreen им овозможува на одлучувачите и експертите да одредат дали предложените проекти за обновлива енергија, енергетска ефи- касност или копроизводство имаат или немаат смисла од финанси- ска гледна точка. Ако проектот е изводлив – или ако не е – RETScreen ќе му помогне на одлучувачот да го согледа ова брзо, недвосмисле- но, многу лесно и едноставно и со релативно мал трошок.

RETScreen:
  • Го користат повеќе од 425 илјади луѓе во 222 земји и територии
  • Е достапен на повеќе од 35 јазика што покриваат повеќе од 2/3 од светското население
  • Е дел од наставната програма во повеќе од 600 универзитети и колеџи во светот

RETScreen е директно одговорен за корисничката заштеда во све- тот од над 7 милијарди долари, цифра што се очекува да расте до над 8 милијарди долари до 2013 година. Овозможувајќи снабдување со чиста енергија, RETScreen посредно придонесува за значител- но намалување на емисијата на гасови од стаклена градина – намалување внимателно проценето на 20 милиони тони годишно до 2013 година. А до 2013 година, се проценува дека RETScreen ќе помогне при стимулирањето на поставување на најмалку 24GW монтирани капацитети за чиста енергија во светот во вредност од приближно 41 милијарда долари.


Софтвер и податоци
Софтвер и податоци

RETScreen е најсеопфатниот производ од таков вид и им овозмо- жува на инженерите, архитектите и финансиските проектанти да обликуваат и анализираат каков било проект за чиста енергија. Одлучувачите може да спроведат стандардна анализа во пет фази, вклучувајќи анализа на енергијата, анализа на трошоците, анализа на емисијата, финансиска анализа и анализа на чувствителноста и ризиците.

Технологиите опфатени во проектните модели на RETScreen се се- опфатни и вклучуваат и традиционални и нетрадиционални извори на енергија и технологии. Пример од овие проектни модели вклу- чува: енергетска ефикасност (од големи индустриски капацитети до домаќинства), греење и ладење (на пр., биомаса, топлински пумпи и соларно греење со вода/воздух), енергија (вклучувајќи обнов- ливи типови енергија како соларна, ветерна, енергија од бранови, хидроенергија, геотермална енергија итн., но исто така и конвенци- онални технологии како што се гасни/парни турбини и алтернатив- ни мотори) и комбинирана топлинска и електрична енергија (или копроизводство).

Софтвер и податоци
Базите на податоци за производи, проекти, хидрологија и клима (последните со 6 700 локации за земјени станици плус податоци од НАСА сателит што ја покриваат целата површина на планетата),
како и врските со мапите со извори на енергија во светот се цело- сно интегрирани во овие аналитички алатки. И, за да му се по- могне да корисникот бргу да започне со анализа, RETScreen има направено обемна база на податоци со шаблони за про- екти за генеричка чиста енергија.

Не постои ниедна друга алатка што помага во спроведувањето на толку детална анализа.


Обука
Обука

Обуката е составен дел од RETScreen. Во рамките на симнатиот и преземен со- фтвер или на интернет локацијата се достапни бесплатни модули на обуки што се разликуваат во времетраењето – од една лекција до повеќедневен курс. Сè на сè, модулите за обуки се доволни за водење интензивен курс во времетраење од 2-4 седмици или редовен курс во времетраење од 1-2 семестри. Материјалите за обука опфаќаат:
  • обемни веб емитувања, слајдови од презентации и забелешки на инструкторите;
  • голем број анализи на случаи вклучувајќи задачи, извежбани решенија и информации за тоа како се одвивале проектите во вистинскиот живот;
  • детален прирачник за користење;
  • учебник во електронска форма што обезбедува детален опис на алгоритмите што се употребуваат во моделите;
  • програмски алатки за правни работи поврзани со чистата енергија, вклучувајќи обрасци на правните документи.

Партнери

Развојниот процес на RETScreen е доказ за успешна меѓународна соработка. RETScreen го развива и одржува Владата на Канада преку истражувачкиот цен- тар Canmet ENERGY на Natural Resources од Канада во Варен, Квебек, а го поддржува меѓународна мрежа од експерти од индустрискиот, владиниот и на- учниот сектор. Главни партнери се Националната управа за воздухопловство и вселенски простор (НАСА), Партнерството за обновлива енергија и енергетска ефикасност (РЕЕЕП), Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) и Светската организација за животна средина (ГЕФ).
Partners
Заклучок

Со RETScreen, Канада е предводник во развојот на технологии за чиста енергија – клучен елемент во борбата против климатските промени. Меѓународно при- знат за своите единствени достигнувања, RETScreen го проширува и поткре- пува светскиот пазар за технологии за обновлива енергија, поттикнувајќи го спроведувањето мерки за енергетска ефикасност и придонесувајќи за одржлива иднина на енергијата. Додека светот е насочен кон соочување со климатските промени и дополнителна заштита на животната средина, Канада има намера да помогне во раководење со иницијативите како во земјата, така и во странство. RETScreen може и ќе има значително позитивно влијание врз индустријата за чиста енергија во светот.

Ве поттикнуваме да го преземете софтверот од нашата интернет локација за и сами да ја согледате моќта на RETScreen. И, доколку сте уверени во вредноста на нашиот бесплатен софтвер, ве молиме споделете го RETScreen со пријателите и колегите.